Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ испратија соопштенија, поврзано со апсењето на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети и тазе газда на „Соравија“ купена со нула денари влог.
„Со оглед дека Ахмети е од "европската коалиција", дали и пиротехничките средства кој ги шверцувал внук му Дрин се европски?
Со оглед на фактот дека Али Ахмети е од "европската коалиција", а вечерва милионерот Дрин Ахмети освен што ја купил Соравија, дознаваме дека шверцувал петарди, би прашале дали биле европски пиротехничките средства, од која европска земја се донесени, дали звукот што го испуштаат е европски и дали ја информирале Европската комисија за оваа нивна реформа со пиротехнички средства“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.