Со „опел корса“ пренесувал мигранти, возачот приведен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

На 21.09.2020 околу 02.00 часот на обиколница Табановце, полициски службеници од Полициска станица Сопот забележале патничко моторно возило „опел корса“ како остава три лица-мигранти и го напушта местото. Возилото било сопрено во с.Воиновиќ, кумановско, при што било констатирано дека возилото го управувал Д.С.(41) од Велес. Мигрантите се предададени во Транзитен центар Табановце. Д.С. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања