Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Со поддршка на УСАИД ќе се реновира ентериоерот во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
USAID

Со средства на УСАИД во вредност од 1.200 000 денари и 25 % учество од Општина Охрид, ќе бидат санирани санитарните јазли и ѕидови во училниците, ходниците и холот во ОУ „Ванчо Николески“ во с. Лескоец. Ова беше заклучено на работниот состанок што денес го оствари  градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески,   со претставниците на  Проектот на УСАИД  за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, Небојша Мојсоски , Лири Старова, Бојан Динески   и  директорката на ОУ „Ванчо Николески“ од с. Лескоец , Елена ел Нади.

На средбата беше потпишан  Меморандум за  соработка помеѓу општина Охрид, основното училиште „Ванчо Николески“ и УСАИД.

— реклама —

Проектот од страна на УСАИД беше одобрен во месец април годинава. Градежните зафати планирано е да се реализираат во месец август и да се завршат пред почетокот на новата учебна година.

— реклама —

По одобрувањето на проектот на 24.04.2019 година беше одржана „Работилница за споделување на процедури и критериуми за одредување на потреби и приоритети за реновирање на училиштата“ по што следеше и увид во ОУ „Ванчо Николески“ с.Лескоец од страна на тимот  на УСАИД.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања