Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Со потпис на Артан Груби се отвора можност регионалното подземје да влезе во коцкарскиот бизнис во Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


— реклама —

„Народот едвај врзува крај со крај, а Владата наместо економски пакети, мерки или нови работни места им отвора три нови фирми за коцкање. Да биде скандалот поголем ова се прави со одлука на влада, со потпис на Артан Груби, при што на државна лотарија, раководена од неговиот близок пријател Прпарим Бајрами, и дозволува да распише оглас за доделување на лиценци за онлајн коцкање во партнерство со државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.


— реклама —

„Огласот предвидува услови кои исклучуваат домашни компании и речиси оцртуваат дека оваа лиценца треба да ја добие бугарска компанија од коцкарскиот бизнис која е во сопственост на лик од бугарското подземје, Васил Божков викан Черепот. Но тоа не е се, веќе постојат сериозни индиции дека една од лиценците за овој вносен бизнис треба да биде доделена и на косовска компанија, со што целиот процес се компромитира.

— реклама —


За Черепот знаеме дека е на црната листа на САД, меѓу другото и заради поткуп на функционери со цел да овозможи ширење на својата коцкарска империја, а за другата компанија од Косово допрва ќе излегуваат бизнис тајните.

— реклама —

Едно е сигурно, Груби целиот овој бизнис го овозможува со својот потпис. Ковачевски може никој не го прашува, но е целосно одговорен за тоа што неговата влада се заортачува со подземјето од регионот и овозможува нивно влегување во Македонија преку коцкарски бизниси“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања