Со потпис на Груби сопругата на Ковачевски добива државна земја за фотоволтаици, додека за болните нема лекови, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
elena-kovacevska

Со потпис на Груби сопругата на Ковачевски добива државна земја за фотоволтаици, додека за болните нема лекови, а за учениците нема учебници, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Артан Груби му се реваншира на Ковачевски кој го бранеше за бизнисите на брат му Ветон Груби, па наместо него ја потпишува Одлуката на влада за давање државно земјиште за фотоволтаици на неговата сопруга.

— реклама —

Ковачевски велеше дека излегол од бизнисот со фотоволтаици, а сега наместо него влегува неговата сопруга, и тоа ни помалку ни повеќе туку со земање на државна земја за изградба на централа.

— реклама —

Кога станува збор за интересите на врвот на власта, се се решава експресно.

Додека сомнителните активности на власта се како брз воз, ДКСК се однесува како парна локомотива, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања