Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Со потпишувањето на Протоколот од страна на антидржавната СДС започна асимилација на Македонија по бугарски терк, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
osmani

Од вчера започна асимилацијата на Македонија по бугарски терк, лагите кои со недели ги пласираа Ковачевски, Османи и Маричиќ вчера испливаа на виделина. На лагата и се кратки нозете, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Со потпишувањето на вчерашниот Протокол помеѓу Македонија и Бугарија и официјално билатералните прашања помеѓу двете држави станаа услов во преговорите на Македонија со Европската унија.

— реклама —

Промена на учебници, промена на историја, непризнавањето на македонскиот јазик и идентитет, како и бришење на културата се предавствата кои ги потпиша вчера Бујар Османи во име на предавникот Димитар Ковачевски.

Официјална потврда за овие прашања стаса и од бугарското МНР, каде што јасно и гласно кажа дека за Бугарија која е членка на ЕУ, македонскиот јазик е непризнат.

— реклама —

Исто така самиот Османи вчера гласно кажа дека, Бугарија може да го блокира секој чекор во преговорите со ЕУ доколку не се променат учебниците по историја или пак некоја историска личност не е напишана како што бара бугарската страна.

Шарена лага е констатацијата на Османи дека за секое прашање ќе има реципроцитет, напротив, Македонија нема никакви барања кон Бугарија во однос на историјата или културата, но Бугарија сака целосна бугаризација на македонскиот народ и неговата историја и идентитет. Македонија со овој Протокол ќе дава, без да добие ништо.

Ова значи дека Македонија нема да напредува во преговорите со Европската Унија без бугаризација и асимилација.

— реклама —

Целосен дебакл и предавство за македонскиот народ и држава. Единствено кои од овој процес добива се Албанија и Бугарија. Албанија со вистинско започнување на преговорите, а Бугарија со бугаризација и асимилација на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ активно ќе работи за блокада на овој процес преку целосно блокирање на уставните измени, како и подобрување и исфрлање на штетните делови од преговарачката рамка и Протоколот.

— реклама —

Овие предавства нема да останат не казнети. За велепредавство на својот народ се одговара. А, предавниците од антидржавната СДС ќе одговараат и ќе лежат во затвор.

Уа за предавниците, иднина за Македонија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања