Со прифаќењето на предлогот владата добива само фотографија, а Македонија добива бесконечни преговори или асимилација, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
03072022_PVRSM-Kovacevski_Mickovski_sredba_1

Власта на СДСМ и ДУИ ја лажат македонската јавност. Со денови манипулираат и кријат што содржи протоколот договорен со Бугарија или ако сакате годишниот извештај, документ кој е клучен во текот на преговорите. Токму во овој документ се уредени сите клучни барања на Бугарија и е врамен во преговарачката рамка, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Бидејќи власта го крие, информациите за овој документ ги дознаваме од странски медиуми. Овој протокол предвидува конкретни обврски на Македонија кон Бугарија, диктат кога и кој учебник треба да се промени, диктат која лекција за некој историски настан или лик треба да се промени, диктат кој споменик да се објаснива со натпис, како ќе се уредува наводниот говор на омраза и слични други понижувачки моменти за Македонија кои водат до асимилација.

— реклама —

Затоа на Власта и се брза со наводните консултации. Затоа им се брза и со собраниската расправа, која нема апсолутно никаква врска со процесот, бидејќи се работи за МЕЃУВЛАДИНА конференција. Единствената реална улога која ќе ја има собранието е кога ќе треба да гласа по уште една уцена за почеток на преговорите, а тоа е промената на Уставот. ВМРО-ДПМНЕ ги уверува граѓаните дека оваа уцена нема да дозволи помине.

— реклама —

Манипулациите на власта не поминуваат кај граѓаните, кај експертската јавност и интелектуалците. Огромно мнозинство од народот вели не на ваквите диктати, ултиматуми и асимилација. Народот знае дека со прифаќањето на ваков предлог владата добива само една фотографија, а Македонија добива или бесконечни преговори или асимилација. Затоа народот масовно, достоинствено и мирно, но сепак гласно и јасно вели Ултиматум, НЕ благодарам“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања