Промени тема
Контакт

Со СДС и ДУИ косење на трева 1,5 милиони евра поскапо од лани, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kosenje-treva-05

ЈПДП со кое управуваат СДС и ДУИ плаќа 2,5 милиони евра за чистење покрај пат и косење на трева покрај пат. Цената со која што се плаќа за косење на еден метар квадратен тревна површина е 25 пати поскапа од цената која што „Македонија пат“ ја платила со договор склучен од 2021 година, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Договорот кој што „Македонија пат“ го има и каде што цената за косење на метар квадратен тревна површина е 25 пати помал од тој на ЈПДП, е се уште активен, но и покрај тоа ЈПДП распишува нов оглас и плаќа поскапо за истата работа.

— реклама —

Договорот кој што „Македонија пат“ го обезбедила е во вредност од 1 милион евра за две години, додека пак договорот на ЈПДП е во вредност од 2,5 милион евра. Разликата е 1,5 милион евра.

— реклама —

Каде завршуваат 1,5 милион евра разлика во цени и дали тоа е причината за склучување на нов договор, додека се уште постои активен договор за истата работа?

— реклама —

Со СДС и ДУИ парите на народот се крчмат на милионски тендери“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања