Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Со скандалот на Онкологија најбрутално се погазени човековите права, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


„Скандалот на Клиниката за онкологија не е од вчера. Се предупредуваше, но им требаше многу време на надлежните да реагираат. Пропустите, несоодветното работење на членовите на Владата на СДС и ДУИ има висока цена, цената се плаќа со човечки животи“, вели ВМРО-ДПМНЕ.


— реклама —

„Со овој скандал најбрутално се погазени човековите права и вредности во здравствената заштита за чие спроведување покрај ресорниот министер директно се одговорни и првиот човек на Владата и Владата во целина. Зошто? Затоа што член 30 од Закон за Влада вели „Владата врши надзор над работата на министерствата и другите органи на државната управа и управните организации“.


— реклама —

Оттука, јасно е дека власта не презела ништо! Непостапувањето носи директна одговорност на Владата на СДС и ДУИ и на Димитар Ковачевски и одговорните за скандалот имаат име и презиме.


Или Ковачевски како премиер е лично одговорен, бидејќи не презел ништо, а е одговорен за работа на министрите во конкретниов случај министрите за здравството.


Одговорни се Беким Сали и Фатмир Меџити. Одговорни се и Венко Филипче и Арбен Таравари.

— реклама —

Дополнително, постои сомнеж дека обвинителството предводено од Љубомир Јовески или Ислам Абази нема да спроведат ништо во насока на откривање на вистинските виновници. Или едниот чека власта да го избере за уставен судија, а на другиот цела јавност виде дека на врат му е цела партија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.


„Одговорните имаат име и презиме!

— реклама —

Вклучените на било кој начин во овој мега скандал треба да одговараат политички, но и кривично. Мора да има разрешница и да се стави крај на расипничкото владеење кое чини човечки животи.


Овој скандал е уште еден показател дека час поскоро треба да замине оваа одродена власт за да почне рестартирање на здравствениот систем!“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања