Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Со социјалната реформа градиме систем што извлекува од сиромаштија, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Со новата социјалната реформа,  системот за социјална заштита целисно се преобразува во систем кој извлекува од сиромаштија, велат од СДСМ.

„Социјалната реформа  обезбедува семеен пакет од право на Гарантирана минимална помош со Додаток за покривање на дел од трошоците за потрошувачката на енергенси во домаќинството, Детски додаток и Додаток за образование.

— реклама —

Со тоа, значително се зголемува помошта за домаќинствата во социјален ризик.

За прв пат корисниците на Гарантираната минимална помош, добиваат  и детски додаток како и додаток за основно образование. Додека пак, досегашната програма за условен паричен надоместок за средно образование, сега се трансформира во право на додаток за образование.

— реклама —

Висината на средствата за помош ќе се утврдува  за секое домаќнство посебно согласно Закнот за социјална заштита и Законот за заштита на децата.

— реклама —

Па така, четиричлено семејство со две деца кои посетуваат училиште, со социјалната реформа би користело месечен надоместок од 10.600 денари.

Ова се дел од низата мерки од социјалната реформа која има за цел да извлекува од сиромаштија, да ги унапредува правата на лицата со попреченост и да ја унапреди грижата за децата.

— реклама —

Остануваме посветени на мерките и политиките што го унапредуваат и олеснуваат животот на секој граѓанин. Градиме фер и праведно општество на еднакви граѓани“, се вели во соопштението.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања