Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Со ставањето на европското знаме на законите за изградба на коридорите 8 и 10Д власта сака само да си го озакони криминалот кој го прави, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
koridor-deset34

Власта на ДУИ и СДС го злоупотребуваат го европското знаменце за законите за изградба на коридорите 8 и 10Д за озаконување на криминалот кои го прават, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Нема ниту „Е“ од европско во законите кои ДУИ и СДС ги предложија во Собранието. Истото ова го потврдија и од Европската унија укажувајќи на непотребната злоупотреба на институтот „европско знаменце“

— реклама —

Измените на законите немаат ништо заедничко со евроинтеграциите, немаат заедничко ниту со европското законодавство и европските принципи.

Напротив, измените на законот за работни односи каде што работно време се зголемува од 40 часа на над 60 часа работна недела, не е европски. Исто така не е европски ниту законот за градење каде што е врши израмнување на легалните и нелегалните објекти при нивна експроприација.

— реклама —

Владата на ДУИ и СДС веќе почна да исплаќа пенали за коридорите 8 и 10Д, а истите немаат ниту проект, ниту траса каде ќе се градат, ниту пак има некакви градежни активности.

Затоа веднаш власта на ДУИ и СДС треба да го објави договорот кои го имаат потпишано на увид на македонската јавност.

Над 300 милиони евра криминалците од ДУИ и СДС ќе исплатат на име провизии, пенали и аванси, а нема ниту 1 м2 асфалт ставено.

— реклама —

Наместо 300 милиони евра да бидат вложени во рурални средини за потребите на граѓаните и проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните, Груби и Ковачевски ги крадат.

Единствено што видоа граѓаните од досега платените над 300 милиони се само фотографирање пред таблите поставени во „чест“ на криминалот кој го прават и мавтање со знаменца од страна на кукавицата Димитар Ковачевски.

— реклама —

Сликање и потоа оставање на празни ливади и табли кои ќе служат за потсетување на граѓаните за украдените пари.

Одговорност за овој епски криминал кои го прават Груби и Ковачевски ќе има многу скоро. За секој денар украден од граѓаните под превезот на„ строго доверливо““, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања