Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Со Шведска помош до нови иновативни проекти во општина Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
bitola-pomos-1

Делегација од Шведска, предводена од професорот на Кралскиот институт за технологија во Стокхолм Нелсон Сомерфелд, ја посети Општина Битола и оствари средба со градоначалничката м-р Наташа Петровска.

Професорот Сомерфелд го предводи проектот кој во иднина треба да и донесе нови современи технолошки услови на Клиничката болница во Битола. Станува збор за хибриден систем за греење, ладење и вентилација, кој ќе претставува комбинирана технолошка иновација. Проектот е веќе дел од програмата за работа на Кралскиот институт во Стокхолм, при што е завршен првиот дел, кој содржи три можни решенија. Од нив ќе се избере најдоброто решение за Клиничка болница, по што ќе следува подготовка на техничката документација и проект за изнаоѓање средства од инвеститори и странски фондови. Како дел од делегацијата, на средбата присуствуваше и Марија Русенгрен, битолчанка која живее во Шведска. Таа досега во повеќе наврати донирала и помогнала во многу институции во градот Битола, а беше иницијатор и за реализација на овој проект.

— реклама —

Градоначалничката Петровска се заблагодари на помошта од страна на гостите од Шведска, при тоа поздравувајќи ја иницијативата за воведување на иновативните технологии. Петровска посочи и дека во иднина може да се продлабочи соработката на Кралскиот институт со Техничкиот факултет од Битола, кој може од стручен аспект да биде вклучен во реализацијата на овој, но и на други проекти во градот. Општина Битола го помага овој проект преку вклучувањето на инженерот Горан Неделков, вработен во општината, задолжен за реализација на проектот.

— реклама —

Претставниците од Клиничка болница Битола, предводени од директорот д-р Зоран Лазаров, ја истакнаа важноста од реализирањето на овој проект, со што во болницата ќе биде целосно комплетиран системот за греење, ладење и вентилација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања