Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Со традиционалното капење на рибарите во Охрид се прославува Свети Јован Крстител

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ribari

— реклама —

Охрид празнува. По Богојавление денеска традиционалното капење на рибарите во Охрид се прославува празникот Свети Јован Крстител.

Како продолжение на веќе воспоставената традиција на тој начин да се одбележува завршувањето на забраната за риболов на Охридското Езеро после зимскиот мрест.

— реклама —

Манифестацијата и оваа година предвидува богата културно-забавна програма, со народна музика, греано вино, топла ракија. И оваа година празникот нема да мине без големиот казан и рибната чорба. Во казанот поставен на Градскиот плоштад професорите и учениците на ОУТУ „Ванчо Питошески" почнаа со приготвувањето околу 1,5 тони од тој специјалитет.

За чорбата се обезбедени 400 килограми риба, 70 килограми морков, 20 килограми целер, 25 килограми пашканат, десет килограми кромид, сто литри масло, 60 килограми брашно, како и други намирници и зачини. Планирано е да бидат разделени околу пет илјади порции од чорбата, а дел како и секоја година ќе биде доставен и до социјално ранливите семејства од градот.

За забавата оваа година е задолжен нашиот фолк пејач Миле Кузманоски, кој ќе ги забавува гостите на манифестацијата која веќе е бренд на Охрид.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања