„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Со утринската сесија започна „Охридскиот дијалог“ кој се одржува од 24 до 26 октомври во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
25102019_PVRSM_Zaev_Ohridski_dijalog_Ohrid_2

Охридскиот дијалог претставува стратешкиот дијалог  за унапредување на прогресивните и напредни решенија за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и регионот.

— реклама —

Како дел од Охридската група се и поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, голем дел на поранешни и сегашни дипломати, чија цел е преку активни решенија да и помагаат на Северна Македонија во остварување на своите евроатлански интеграции.

— реклама —

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, им посака топло добредојде на гостите во Охрид кои се присутни на „Охридскиот дијалог“. Дипломатите и останатите високи гости се тука кога се дискутира и се бараат решенија за да се остане на вистинскиот пат за подобра иднина на сите граѓани.

На утринскиот панел беше разговарано за следните чекори кои ја очекуваат Северна Македонија. Само две години по ослободувањето на државата од претходниот хибриден режим, ги решивме проблемите со соседите, имаме подобрување на регионалната соработка и сите економски индикатори покажуваат зголемување на трговската размена и на странските директни инвестиции. За само две години од изолирана држава, Северна Македонија стана релевантен партнер и пример во регионот.

На утринската сесија учесниците се согласија дека се тука за да помогнат, да се постигне уште поголем прогрес во евроатланските интеграции на државата. Пред речиси 20 години се мислеше дека членство во НАТО е невозможна мисија, со тукушто завршен внатрешен конфликт и многу поделби во општеството. Денес Северна Македонија е на чекор од полноправно членство во НАТО и останува посветена на имплементирање на ЕУ стандардите.

IlT2uAYh28Q

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања