Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Со велосипедски патеки се поврзуваат Маџари и Ченто со остатокот од градот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Град Скопје работи и на подобрување на велосипедската инфраструктура во градот, каде што во текот на 2019 година се реконструираа постојни и се изградија нови велопатеки во должина од околу 16 километри. Деновиве започна и големиот проект за поврзување со велосипедски патеки на населбите Маџари и Ченто со останатиот дел од градот.

— реклама —

Во моментов се вршат градежни работи за изградба на нова велосипедска патека на булеварот Александар Македонски, од клучката Естекада до улицата Благоја Стефковски.

— реклама —

Паралелно со овие активности, во рамки на проектот за реконструкција на улицата Благоја Стефковски, во моментов се работи на изградба на нова велосипедска патека на потег од крстосницата кај улиците 15.Корпус и Методија Андонов - Ченто до крстосницата со улицата Петре Филиповски – Гарката и свртувањето кон улицата Перо Наков и Металски Завод – Тито во должина од 870 метри.

[caption id="attachment_78255" align="alignnone" width="1024"]  [/caption]

За потсетување, изминатиов период завршија градежните работи за изградба на велосипедска патека на бул. Киро Глигоров, на потег од крстосницата со улицата Перо Наков до улицата 808, а во наредниот период истата ќе се поврзе до клучката Естекада, со што ќе добиеме дополнително поврзување (конектор) во правец север-југ, којшто ги спојува општините Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба. Четирите постоечки рути, вклучувајќи го и кејот на реката Вардар се врзуваат со новите велосипетски патеки во населбата Маџари.

фото:  Град Скопје

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања