Исмејувачки коментарина сметка на премиерот Димитар Ковачевски кој ПР стратегијата во изминативе денови ја градеше на сметка како да се продава чипсот - поскапо или поевтино. По неговата изјава дека станува збор за нездрава храна и затоа ќе остане со повисоко ДДВ кое од Владата беше наречено „ДДВ за луксузни производи, дојдоа и реакциите.
„Поскапиот чипс е половина здравје“, напиша сценаристот Божидар Божиновски.
„Влада: Чипсот и сладоледот поскапуваат пошто се нездрава храна *промовираат нездрава храна“, напиша Ивор Мицковски.
„Како што рече премиерчето - заради здравјето е чипсот поскапен“, пишува Божиновски во нов статус.
Реакциите од него не застанаа па праша: „Шо вика премерчето, шо е здрава храна за ручек да клајме?“
И тука не застанува, па искоментирa уште една премиерска изјава која вели: „Секој лекар ќе ви каже дека чипсот не е здрав“, на што Божиновски додава: „Секој психијатар би ти ја одзел деловната способност“.