Со возило сопственост на фирма се упатил кон Србија и го однел Палчо во Турција - возачот е осомничен за помагање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 вв став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

„Во период од 01.12.2023 година до 03.12.2023 година осомничениот му помогнал на сторител да не биде откриен за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик, обезбедувајќи му превоз со автомобил.

Сега осомничениот, по претходна комуникација и договор со сторителот кој се наоѓал во Република Србија, со возило Ланд Ровер со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице се упатил кон Белград. Таму се сретнал со сторителот и заедно со возилото се упатиле кон границата на Србија со Бугарија – граничен премин Калотина. Границата ја поминале на 02.12.2023 година, па движејќи се низ територијата на Р.Бугарија истиот ден пристигнале на границата со Турција, граничен премин Капитан Андреево, и влегле во Турција. Таму биле заедно до 03.12.2023 година, по што сторителот останал, а сега осомничениот со возилото преку Грција се упатил кон државава каде бил приведен на граничниот премин Стар Дојран.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

За уште едно лице кое од вчера беше задржано 24 часа во полициска станица, до ОЈО Скопје е доставено известување. Јавен обвинител оцени дека во овој момент не постојат законски основи да бидат предложени мерки на обезбедување, меѓутоа проверките за негова евентуална инволвираност во кривично-правен настан продолжуваат“, велат од Обвинителството.

IMG_9013.00_00_15_13.Still002

(Видео) Возачот на Палчо не чувствува вина: Јас го возев на болница

Стефан Димковски, кој го превезуваше Љупчо Палевски-Палчо и заврши во притвор, не чувствува вина во случајот со убивањето на Вања Ѓорчевска, одговори тој на прашање од „Скопје1“. Тој беше спроведен од затворот „Скопје“ во Шутка до Кривичниот суд.„Јас го возев на болница“, изјави Димовски кој негира било какво помагање на осомничениот Палчо кој според истрагата го организирал и реализирал убиството.Димковски го возеше Палчо на релација Белград-Бугарија-Турција, па се врати во Македонија. Беше уапсен на граница.Детали за ова – тука.

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања