Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Со зајакнување на истражните центри до спроведување на владеењето на правото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
IMG-ab97fb0e7dd53e0f7a6e4cec751da50f-V

Подобрување на ефикасноста на системот на кривична правда и обезбедување на брзи, транспарентни и ефикасни предистражни и истражни постапки во борбата со криминалот е целта на твининг-проектот „Градење на институционалниот капацитет на Истражниот центар“ – ИПА 2016, со кој ќе се обезбеди поддршка за Јавното обвинителство, министерствата за правда и за внатрешни работи, Финансиската полиција и Царинската управа во зајакнувањето на истражните центри,  на чија промоција денеска свое обраќање имаше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Декларирајќи неспорна политичка волја и намера не само за рестартирање на целосно блокираната државна функционалност, туку и за преземање на нови, реални, опсежни реформски зафати во насока на обезбедување основа за напредок и развој на македонското општество во целост, ние во изминативе две години отпочнавме низа крупни нормативни, институционални и други промени. Притоа бевме мотивирани токму од целта што ја нагласив - владеењето на правото!“, истакна министерот Спасовски.

— реклама —

— реклама —

Осврнувајќи на придобивките од проектот со кои дополнително се операционализираат можностите на Законот за кривична постапка, меѓу другото и во делот на јакнење на соработката помеѓу Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи,  министерот Спасовски рече: „Основната задача на Истражните центри треба да биде ефикасно и ефективно спроведување на кривичната постапка, за која се надлежни јавните обвинители. Притоа, поентата е Истражните центри да овозможат и суштинска независност и самостојност на јавните обвинители во истражувањето на случаи од висок профил на закана, како што се организиран криминал, корупција, перење пари и други национални и транснационални закани“.

— реклама —

Покрај обезбедување услови за водење ефикасни и мултидисциплинарни истраги од кои што во иднина ќе се обезбедува цврста евиденција за обвиненијата презентирани пред судовите, министерот за внатрешни работи нагласи дека на овој начин истовремено ќе се овозможи и подобра заштита на човековите права за лицата во предистражните и истражните постапки, како и во судските процедури.

„Само така ќе може да се остварат сите премиси за практично спроведување на владеењето на правото, а преку тоа и за целосно враќање на довербата на граѓаните кон институциите на системот“, подвлече Спасовски.

Твининг-проектот, финансиран од Европската Унија, кој го спроведува Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ) во партнерство со Министерството за правда на Хрватска, започна во мај 2019 година и ќе трае 24 месеци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања