Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Со заканите за прекин на штрајкот, се загрозува нивно основно право загарантирано со Устав, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
skolo-4

Со заканите за прекин на штрајкот и бркање на наставниците од работа го загрозуваат нивно основно право загарантирано со Устав, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Правото на штрајк е загарантирано со Устав, а владата се однесува спротивно на тоа, како и со се што до сега правеше.

Заканите на Тренчевска дека ќе ги брка од работа оние кои ќе штрајкуваат е газење на авторитетот и достоинството на просветните работници.

— реклама —

Заканите и уцените од страна на владата се фијаско кое ќе остане црна дамка за власта која ќе се памети засекогаш. Понижувањето на наставниците нема да биде заборавено.

— реклама —

Просветниот кадар се наоѓа во нерамноправна и лоша позиција. Потребно е прифаќање на нивните барања и овозможување достоинствени услови за работа.

Владата ги притиска наставниците и не сака да ги реализира нивните барања, за да има повеќе пари во буџетот за тендери и матни зделки.

— реклама —

Додека наставниците работеа за мали плати Рашковски, Зекири, Дончев, Филипче вртеа милиони на матни тендери. Токму затоа владата не сака да им ги зголеми платите на наставниците“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања