Собира мртви животни по патиштата и нивното месо им го послужува на гостите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
Zivotni

Раф Керол од американската држава Вашингтон одлучи да заштеди на купување храна за своето семејство (и гостите) така што ги собира труповите на животните прегазени на патот и го користи нивното месо за храна.

— реклама —

Дивечот собран од патиштата е дел од нивната традиционална божиќна вечера, но рече дека гостите често се шокирани кога ќе слушнат што јадат, но уште повеќе се изненадени што храната е многу вкусна.

— реклама —

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10213404955218846&set=a.1406641406572&type=3

— реклама —

Кога имал само десет години, неговиот татко пронашол мртов елен на патот и го подготвил за вечера, а неговиот син се сетил на тоа кога бил женет и бил во финансиски проблеми.

Неговите три ќерки пораснаа на исхрана заснована на месо од животни што ги наоѓаше по патиштата.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10211866681962976&set=a.2124866601753&type=3

Од трупот на еден елен добива околу 30 килограми месо со кое неговото семејство се храни со месеци, но најголем „улов“ му бил трупот на мечка.

„Од него добивме 55 килограми месо и искористивме многу маст. Малку сало им дадов и на пријателите кои од него правеа сапун или пржеа крофни на маст", објасни тој, додавајќи дека месото од мечка има вкус сличен на свинско месо.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања