Собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Slobodan-Poposki

Апелот за помош на Слободан Попов-Цобе стигна до голем број на хумани луѓе. Хуманоста и човечноста повторно победија и во оваа битка. Собрани се потребните средства за операција на Слободан Попов-Цобе.

— реклама —

Утрово, семејството и блиските на Слободан Попов-Цобе ја соопштија веста дека се собрани 50.000 евра за операцијата која треба да биде направена на 15ти август 2020та година во Солун и за чие лекување е веќе постигнат договор за спроведување на третман со онко-хипертермиска и хемо-терапија со Друштвото за трговија и услуги БИОМЕД ЕИД дооел Скопје, кој е овластен дистрибутер на Onco-Hyperthermia Group, Thessaloniki, Грција и EUROMEDICA GENIKI KLINIKI OF THESSALONIKI, Грција. Исто така, семејството на Цобе, информираше дека при процесот на собирање на хуманитарните средства биле собрани дополнителни 13.500 евра од кои дел ќе бидат наменети за постоперативно лекување на Цобе, а дел од овие хуманитарни средства семејството на Слободан одлучи да ги пренасочи за лекување на Христијан Јованов, тринаесет годишното дете од Кавадарци кое боледува од Leucemia acuta lumphoblastica и чиешто лекување е започнато на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, Словенија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања