Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Собранието да ги поддржи заклучоците, Македонци кои говорат македонски јазик во ЕУ, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
290722913_2544451892357333_1083916361428164284_n

Последниот европски предлог за почеток на преговорите со ЕУ на вистински начин ги отсликува нашите дефинирани позиции, вели СДСМ

„Прво, предлогот јасно го прецизира македонскиот јазик како единствен, признат и прифатен јазик за Европската Унија. Второ, сите билатерални прашања со Бугарија, но и било кои други билатерални прашања со било која друга држава, особено соседна, не се дел од Преговарачката рамка со Брисел. Трето, со европскиот предлог, се дефинира одржување на првата Меѓувладина конференција веднаш.

— реклама —

Дополнително, во Собранието, пратеничката група на СДСМ, поддржана од пратениците од владејачкото мнозинство, предлага заклучоци за заштита на јазичните, идентитетски, културни и историски посебности на македонскиот народ и спроведување на процесот на преговори со ЕУ.

— реклама —

Со овие заклучоци се задолжува Владата на Република Северна Македонија, преку државната делегација за преговори со ЕУ, Секретаријатот за европски прашања, Министерството за надворешни работи и експертскиот преговарачки тим доследно да се придржува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со Европската унија.

Преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, почитувајќи ги нормите на меѓународното право, со безрезервно почитување на достоинството и посебноста на Македонскиот народ, како и во целосна согласност на Резолуцијата усвоена од Собранието на Република Северна Македонија, на 29 јули 2021 година.

— реклама —

Овие заклучоци ќе бидат задолжителни за актуелната и секоја идна Влада и затоа сега на ред е Собранието.

— реклама —

Сите пратеници да се вклучат во процесот на носењето на заклучоците, да дадат свој придонес во работата на Собранието, водејќи се од стратешките и националните интереси.

По 17 години во чекалната конечно имаме шанса да ги започнеме преговорите со ЕУ како Македонци со чист македонски јазик, време е сите пратеници да дадат свој придонес во реалiзација на втората стратешка цел - полноправно членство во ЕУ“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања