Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Собранието ги изгласа законските измени, следува реализација на владините антикризни мерки, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
17012022_VRSM_1vaSednica-1

Собранието ги усвои потребните законски измени за акцизите и за ДДВ, кои ги предложи Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски, со што се исполнети правните услови за реализација на владините антикризни мерки, вели СДСМ.

„Со сетот од 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра го штитиме стандардот на граѓаните, а ги помагаме и компаниите, стопанството.

— реклама —

Го укинуваме ДДВ за основните производи храна. Со оваа мерка се опфатени лебот, брашното, маслото за јадење, млекото, шеќерот, месото, јајцата и оризот.

Ги укинуваме царинските давачки за увоз на основните прехранбени производи.

— реклама —

Ја намаливме и акцизата за горивата и го намалуваме ДДВ за енергенси од 18 на 10%.

— реклама —

Ги субвенционираме граѓаните за електрична енергија, ги поддржуваме ранливите категории на граѓани за струја и купување основни производи, а преку низа мерки ги одржуваме цените на основните производи стабилни.

Обезбедивме мерки и за заштита на ликвидноста на компаниите и финансиска поддршка на стопанството.

— реклама —

Дополнително, досега ја покачивме минималната плата на 18.000 денари, обезбедивме помош од 3.000 денари за пензионерите и рекордно ги зголемивме пензиите.

СДСМ како одговорна партија и во време на најголема криза парите ги насочува онау каде што се најпотребни, кон заштита на стандардот на граѓаните и економијата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања