Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Собранието го избра новиот состав на ДКСК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
sobranie

Собранието на Република Северна Македонија на првиот ден од 135. седница, го избра новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата и на судирот на интереси (ДКСК).

Со 97 гласа „за“, присутните пратеници едногласно ја донесоа Одлуката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, според која претседател на оваа Комисија ќе биде Татјана Димитровска, дипломиран економист. За членови на ДКСК, по предлог на Комисијата за избори и именувања, а врз основа на спроведениот јавен оглас, пак, се избрани Софија Спасова Медарска, Билјана Каракашова Шулев, Бесник Џемаиљи, Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Сервет Демири.  Мандатот на новиот состав на ДКСК ќе почне од 8 февруари следната година.

— реклама —

Собранието, исто така,  донесе Одлука за избор на претседател, членови и заменици – членови на Советот на Собранискиот канал, по предлог на група пратеници, односно на координатрите на пратеничките групи во Парламентот. За оваа Одлука гласаа 94 пратеници, а еден беше воздржан.

— реклама —

Откако беа донесени и две одлуки за ратификација на спогодби меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, како и Одлука за  ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово за заеднички гранични премини „Блаце-Елез Хан“ и „Јажинце-Глобочица“, Собранието ја почна расправата по Предлог-буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година, во второ читање.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања