Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Собранието ќе одлучува за имунитетот на Груевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, чиј претседател е Павле Богоевски, денеска треба да се изјасни за пет барања за одобрување притвор на поранешниот премиер и пратеник Никола Груевски, кој избега и доби политички азил во Унгарија.

Груевски е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ за набавка на луксузниот мерцедес, но пред да започне да ја отслужува затворската казна, избега во Унгарија. За овој случај беше побарано одземање на мандатот на Груевски, но не беше обезбедено двотретинско мнозинство.

— реклама —

Поранешниот премиер е обвинет и во случаите на СЈО „Таекторија“, „ТНТ“, „Титаник“ и „Насилство во Центар“, за кои ќе му се суди во отсуство.

— реклама —

Покрај тоа, Груевски е осомничен и во неколку отворени истраги на СЈО, меѓу кои и „Талир“, „Пропаганда“, „Хармонија“,…

— реклама —

Барањата за одземање на имунитетот на Груевски со цел да му се одреди притвор е за дел од овие случаи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања