Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Собранието ќе заседава со полна пареа, почнува и првата фаза од носењето на законот за обвинителство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
49400041_1836833746443994_4151677673652879360_n

Предлог-законот за Јавно обвинителство Владата денеска ќе го испрати во Собранието. Од Министерството за правда очекуваат пратениците своите ставови да ги кажат во законодавниот дом, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани.

Од Министерството за правда велат дека очекуваат поддршка од сите пратеници, но ги зачудува измената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со предлогот Вилма Русковска да биде на чело на новото Јавно обвинителство за гонење криминал и висока корупција.

— реклама —

„Очекуваме поддршка од сите, особено што ВМРО-ДПМНЕ кога поднесе до Министерството амандмани на претходниот текст на законот предложи СЈО да биде дел од Јавното обвинителство за организиран криминал, а не предлагаше никакви кадровски промени во обвинителството за организиран криминал, што практично значи дека во новиот текст на законот е прифатен нивниот предлог Јавното обвинителство на чело со Русковска да ги води случаите на СЈО. Сега зачудува измената на нивниот став по ова прашање“, истакнуваат од Министерството за правда.

— реклама —

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за Деловнички и мандатно-имунитетни прашања, за Земјоделство, шумарство и водостопанство, за Надворешна политика, за Економски прашања и Законодавно-правната комисија.

— реклама —

Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања е Извештајот на Државната изборна комисија за преземените работи согласно член 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ги разгледаат  Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште во второ читање и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во прво читање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања