Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Собранието направи план: Од 22 до 28 јануари ќе бира техничка Влада, нов пратеник, претседател на Собрание

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-44-7840PM

Избор на техничка Влада, но и нов претседател на Собрание, како и избор на нов пратеник – ова се само дел од прашањата кои ќе се разгледуваат на пленарни седници од 22 до 28 јануари. Во Собранието нема да има пратенички прашања. Изборот на член за Државната изборна комисија и бојкотот од шест пратеници – засега не е прашање кое ќе се стави на маса пред пратениците.

— реклама —

„Констатирање на оставка на претседател на Влада и претседател на Собрание, избор на нов претседател на Собрание, информирање на претседател на држава за доделување на мандат на нов претседател на Влада, избор на Влада, министри, заменици министри и допопнителни заменици министри, како и констатирање на престанок на мандат на пратеник и верификација на мандат на нов пратеник од ИЕ 5“, велат од Собранието за тоа што ќе се дискутира.

— реклама —
— реклама —

За сите активности велат дека јавноста ќе биде известена.

— реклама —

„Допопнително, информираме дека седница за пратенички прашања нема да има до крај на овој мандат. Првата седница за пратенички прашања ќе се одржи по 100 дена мандат на Владата избрана на парламентарните избори“, додаваат од Собрание.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања