Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Собранието не коментира како новинарите од Косово и Албанија се развозувале со државни возила: Не беа привилигирани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
WhatsApp-Image-2024-01-28-at-16.09.18

„Во врска со загриженоста што Здружението на новинарите ја изрази и во допис до Кабинетот на претседателот на Собранието, но и преку медиумите, а во однос на седницата што се одржа на 28.01.2024 година, на која беше избрана техничката Влада на Република Северна Македонија, ве информираме дека не станува збор за привилегиран однос на Собранието кон одредени новинари, ниту за непринципиелен третман кон новинарите и медиумските работници од домашните медиуми“, велат од Собранието на реакцијата дека новинари од Косово и Албанија добиле и транспорт со службено возило додека престојувале во Македонија.

„Сакаме да истакнеме дека, поради зголемениот интерес на претставници од домашните, но и од странски медиуми, кои уредно беа акредитирани до 26 јануари годинава, беше увидено дека интересот за следење на пленарната седница е значително зголемен во однос на вообичаената пракса, поради што го ставивме на располагање целиот капацитет на галеријата.

— реклама —

Ве уверуваме дека Собранието на Република Северна Македонија останува институција отворена за граѓаните, но и за претставниците на медиумите со кои и досега сме имале конструктивна и плодна соработка, во интерес на нанавремено и доследно информирање на граѓаните и таа соработка во иднина ќе се продлабочува“, додаваат од законодавниот дом.

— реклама —

— реклама —
Screenshot-2024-01-28-at-12.19.57

Странски новинари развозувани со владини возила, па привилигирани во Собранието, реагира ЗНМ и бара објаснување од Јован Митрески

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска упати реакција и барање за објаснување за непринципиелниот третман кон странски новинари во Собранието на РСМ до новоизбраниот Претседател на Собранието, Јован Митрески.„По пријава до ЗНМ од страна на новинари и според медиумски објави во текот на вчерашниот ден, четворица новинари биле привилегирани од страна на службите за сметка на новинарите и медиумските работници од домашните медиуми. Според видео прилогот и укажувањата на порталот Portal X, четворицата странски новинари биле сместени да седат во дипломатскиот дел на терасата во пленарната сала и исто така во текот на нивната посета биле пренесувани со владини службени возила.Сметаме дека досега ова не било пракса и укажуваме дека со ваквите постапки се прави преседан кој може да остави впечаток дека некој е привилигиран за сметка на друг во новинарската фела. Ваквиот третман во најмала рака ги омаловажува останатите новинари и создава перцепција дека се влијае на странските новинари да известуваат во полза на домашните чинители од политичките партии во собранието, додека пак нееднаквиот третман на новинарите придонесува за недостаток на транспарентност и отчетност.Привилегирањето на одредени новинари во однос на други од страна на службите на Република Северна Македонија предизвикува сериозна загриженост за слободата и интегритетот на новинарството во земјата. Таквото фаворизирање може да резултира со пристрасно известување, цензура и сузбивање на различни гласови, што на крајот ќе го загрози правото на јавноста за пристап до точни и непристрасни информации“, реагира ЗНМ.

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања