Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Собранието со амнестијата се меша во судството, суди по кратка постапка, смета професорот професорот Светозар Шкараќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2023-09-14-at-20.56.58

Правната фела има критики за Законот за амнестија, со која треба да се испразнат затворените, со цел, да бидат оптеретени како до сега. Условите внатре се мизерни, но, Собранието со носење на законот се меша во судската власт. Професорот Светозар Шкариќ вели дека има парадоксална ситуација.

„Со секоја амнестија прешироко се навлегува во судската власт. Преку овој закон, Собранието игра улога на суд. Суди по кратка постапка. Законот го носи во итна и кратка постапка, а веројатно без поширока поддршка. Имаме парадоксот, судски постапки кои се судат по 10 години оти тоа го бара правдата, се води сметка за обвинетиот да дојде до израз, судија носи одлука, а законот ја укинува и има намера да ја избрише. Целиот судски труд паѓа во вода“, вели професорот Светозар Шкараќ.

Ниту Маргарита Николовска, судијка, не е сигурна дека амнестијата ќе ја постигне целта поврзана со затворите.

— реклама —

„Целта на носење е многу важна. Амнестијата се дава од различни причини. Од зборувањето во медиумите и пошироко, не можам да кажам дека стручната јавност е инволвирана – но дека има проблем со затворите, има проблем. Дали со амнестијата ќе се расчисти тоа – не сум сигурна“, вели Маргарита Николовска, судијка.

— реклама —

Се произнесе и Камбовски.

„Кога Собранието би носело секојдневно закони за амнестија, сигурно тоа ќе значи ограничување на судската власт. Тоа значи дека Собранието треба да носи Закон за амнестија кога има оправдани причини“, вели Владо Камбовски.

— реклама —

Предлог-законот за амнестија пристигна во Собранието. Вкупно 286 затвореници осудени до 6 месеци затвор би требало да излезат на слобода, а на уште 996 затвореници би им се намалила затворската казна. Кога ќе се гласа останува неизвесно, но најверојатно ќе биде идната недела, со оглед на тоа што министерот за правда Кренар Лога најави дека ќе биде на службен пат во САД, а сака самиот да го брани законското решение пред пратениците. Предлог-законот ќе се носи по скратена постапка, но не е со европско знаменце.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања