Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Собраниска делегација на 140. Собрание на ИПУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Претседателот на Парламентот Талат Џафери ќе учествува на 140. Собрание на Интерпарламентарната унија што од 6 до 10 овој месец се одржува во Доха, Катар.

— реклама —

Покрај претседателот Џафери, во работата на Собранието на ИПУ ќе учествуваат и пратениците, членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ИПУ, Ејуп Алими, Јулијана Николова, Димитар Стевананџија, Африм Гаши и Диме Велковски како и Генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова.

— реклама —
— реклама —

Претседателот Џафери ќе има свое обраќање на генералната дебата на тема „Парламентите како платформи за зголемување на едукацијата за мир, безбедност и владеење на правото.“

— реклама —

Во рамките на настанот, претседателот Џафери ќе оствари и билатерални средби со г. Иракли Кобахиѕе, претседател на Парламентот на Грузија, г. Анџело Фаруџа, претседател на Претставничкиот дом на Република Малта, г. Зигфрид Браке, претседател на Претставничкиот дом на Федералниот парламент на Белгија и г. Нурлан Нигматулин, претседател на Мажилисот на Република Казахстан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања