Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Собраниска делегација на Пролетната сесија на ПС НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Во рамките на редовните заседанија на ПС на НАТО, на Пролетната сесија што ќе се одржи од 31 мај до 3 јуни 2019 г. во Братислава, Словачката Република, ќе учествува Делегацијата на Собранието на Република Македонија, предводена од пратеникот Илија Димовски, шеф на Делегацијата и членовите на Делегацијата - Катерина Кузмановска и Весел Мемеди, потпретседател на Собранието.

Пролетната сесија на ПС на НАТО се одржува во година кога се прославува 70-годишнината од основањето на Северноатлантската алијанса, 15-годишнината од пристапувањето на Словачката Република во истата и 15 години од одржувањето на првата парламентарна сесија на ПС на НАТО во Братислава.

— реклама —

Меѓу темите на кои ќе се дискутира на сесијата, се потврдувањето на вредностите на Алијансата, градење на нејзините капацитети за справувањето со идните предизвици, ситуацијата во Украина, вежбите на НАТО и научените лекции, развојот на безбедноста во североатлантскиот простор, безбедноста во Африка, односите меѓу НАТО и Русија, јакнењето на сабјер-безбедноста, како и за економските санкции како средство во надворешната политика. На Поткомитетот за транзиција и развој ќе се разгледува Предлог-извештајот за Република Македонија: политичките промени, пристапувањето во НАТО и економскиот развој, на известителот Ошрин Армонете од Литванија.

— реклама —

На пленарната сесија, предвидени се обраќања на Медлин Мун, претседателка на ПС на НАТО; Андреј Киска, претседател на Словачката Република; Андреј Данко, претседател на Националниот совет: Петер Пелегрини, премиер на Словачката Република; како и на амбасадорот Алехандро Алваргонзалез, помошник-генерален секретар за политички прашања и безбедносна политика на НАТО.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања