Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Сочувство од претседателот на Собранието Талат Џафери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
9C422137-1C8E-4609-815A-EAA820241295

Длабоко потресен од трогателната вест за ненадејната загуба на животите на четиричленото семејство од Република Бугарија, изразувам длабоко сочувство во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија. Викендот поминат заедно со семејството во нашиот прекрасен Охрид, за жал заврши со сосема неочекуван и тажен крај за Бошнакови. Нивниот лет беше прекинат со падот на леталото над Солунска глава. Ова е жалосен настан за нивните блиски, за нивните пријатели, познаници и соработници, меѓутоа жалосен настан и за Република Бугарија и нејзините граѓани. Во оваа прилика сакам да изразам искрено сочувство и до државниот врв на нашата соседна земја и да посакам ваквите несреќни вести никогаш да не се повторат. Нека живее споменот за ова семејство во сеќавањето на сите кои лично ги познавале и споделувале заеднички мигови со загинатите, нека почиваат во мир,се вели во сочуството од Претседател на Собрание на Република Северна Македонија Талат Џафери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања