„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Сограѓани, патриоти, Македонци - протестите за одбрана на македонскиот идентитет продолжуваат секој ден во седум, порача Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
DSC_0593

Левица денес излегува веќе четврти ден на протести. Тие велат дека се борат против негаторската европска и пробугарска политика кон македонскиот идентитет.

— реклама —

Во нивното соопштение стои:

Револтот од нивниот игнорантскиот однос кон македонскиот народ сѐ повеќе расте! Народот врие и тоа го покажа вчерашниот протест, со пробивање на оградата пред Владата, сѐ до самата порта на влезот. Народот сака да биде ислушан и послушан, бидејќи се работи за Македонија!

— реклама —

Денес од Владата изјавија дека „нема да брзаат со усвојување на документот“, бидејќи наводно консултациите сѐ уште траат и не се исцрпени - иако првичните информации беа дека денес (вторник) ќе биде усвоен од Владата. Ова успорување на текот на настаните е директен резултат на автентичниот народен Отпор на улиците, секојдневно изминативе денови. Но Отпорот мора да продолжи, не смее да го дозволиме обезличувањето на македонскиот идентитет и јазик!

Овие се нашите денови. Ова е товарот на нашата генерација. Ова е аманетот на нашите предци!

Дојдете и денес, дојдете заедно да го издржиме товарот кој Историјата одбрала ние да го носиме, а потоа гордо да се кренеме, да ја исправиме главата горе и порачаме: НИЕ ДРУГА ТАТКОВИНА НЕМАМЕ!

Драги сограѓани, Ние заедно ја пишуваме историјата. Дали ќе нѐ паметат како херои на нашето време или предавници кои ги предале коските на славните илинденци и асномци, од нас зависи! Нема повеќе оправдувања!

Во 19:00 часот повторно се гледаме пред Влада - па до Министерството на Бујар Османи!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Hristijan-Mickoski-12.07.2022

Мицкоски: ДУИ влезе во пакт со Бугарија и го предаде македонскиот народ

Македонија | пред 3 години

MFA_8353

„Eуфоријата утре ќе заврши, затоа што ќе треба да се направи промена на Уставот“, вели Димитров

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-19-at-11.20.38

Верхеји: Претставниците на народот јасно кажаа дека ова сакаат да продолжи и пристапниот процес да се забрза

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-19-at-11.32.17

Мора да има измени на Уставот, дециден е Вархеји

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања