Промени тема
Контакт

Сојузот на стопански комори во донаторска акција за Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Foto-16.03.2022

Сојузот на стопански комори на Македонија дава поддршка на процесот на обезбедување на помош за Украина приклучувајќи се со донација во акцијата која е координирана од Црвениот крст и Министерството за надворешни работи. Претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски денеска присуствуваше на настан на кој министерот Бујар Османи информираше за активностите на Владата насочени кон поддршка на украинскиот народ, а амбасадорката на Украина Наталија Задоружњук сподели информации за актуелните состојби во Украина.

— реклама —

"Општествената одговорност на претпријатијата и филантропијата претставуваат императив, тоа се вредности кои ги негува деловната заедница која се стреми кон одржлив развој и создавање на подобро општество за сите, бидејќи никој не егзистира самостојно, туку е дел од пошироката околина со која има интерактивен однос. Во таа насока Сојузот на стопански комори на Македонија со години наназад негува партнерски однос со Црвениот крст и секогаш со посебен интерес се вклучува во неговите акции за донации и обезбедување помош кога тоа е потребно, како и во самостојни акции кои беа особено неопходни во време на пандемија. Денеска светот е исправен пред предизвик каков што не паметиме во поновата историја, и се соочуваме со војна која никој не очекуваше да се случи. Народот на Украина има најголема потреба од поддршка, затоа и сме дел од оваа заедничка акција за обезбедување на финансиска помош", истакна Ангелоски.

— реклама —
— реклама —

Дел од компаниите кои се членови на Сојузот и самостојно донираа за украинскиот народ, а во нашата организација членуваат бројни компании кои добиле признанија и награди за практикување на општествената одговорност и кои дел од профитот кој го остваруваат го враќаат на заедницата. На денешната средба која се одржа во Логистичкиот центар на Црвениот Крст во Момин Поток, се направи координација околу тоа како ќе се организираат донациите кои во наредниот период ќе доаѓаат од приватниот сектор, со цел да се обезбеди тоа што е најпотребно за украинскиот народ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања