Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Шок во Турција: Првиот човек на Фенербахче доби затворска казна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Спорт
media-librarym4kp3har6a8u0oTs8yZ
Фото: Фејсбук

Турски суд го осуди претседателот на фудбалскиот клуб Фенербахче, Садетин Саран на две и пол години затвор поради поттикнување нелегално обложување.

Според пресудата на судот во Истанбул, Саран и неговиот брат Кенан Саран биле прогласени за виновни за „поттикнување лица да учествуваат во нелегално обложување преку рекламирање или други средства“.

— реклама —

Садетин Саран ги отфрлил обвинувањата и за време на судскиот процес тврдел дека не сторил никакво кривично дело.

— реклама —

Пресудата доаѓа само неколку дена пред вонредниот конгрес на Фенербахче, на кој треба да биде избран негов наследник на челната позиција во клубот.

Саран претходно оваа година кратко време беше приведен и во рамки на поширока истрага за употреба на наркотични средства меѓу познати личности во Турција, но подоцна беше ослободен.

— реклама —

По скандалот тој најави повлекување од функцијата, а клубот во март соопшти дека на 6 и 7 јуни ќе одржи вонредно собрание за избор на ново раководство.

— реклама —

Турските власти во изминатиот период спроведуваат обемни истраги за наводно местење натпревари и нелегално обложување во професионалниот фудбал.

Како дел од акциите, десетици судии беа суспендирани од страна на Турската фудбалска федерација, а повеќе коментатори, функционери и фудбалери беа приведени или уапсени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања