Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Сокриена плажа во Црна Гора која изгледа како да сте на Карибите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
HDevgnkNxU-sokriena-plaza-vo-crna-gora-koja-izgleda-kako-da-ste-na-karibite
Илустрација

Малата плажа Перазича, можеби најубавата плажа во Црна Гора, со својата егзотика може да им парира на некои од најпознатите светски плажи.

— реклама —

За жал или за среќа, луѓето и понатаму не знаат за неа, па така е сокриена од погледите на јавноста и мора малку повеќе да се потрудите за да дојдете до неа.

— реклама —

Имено, таа е сместена на заливот под манастирот Режевичи и до неа се доаѓа со вртење од патот до манастирот Будва-Петровец. Покриена е со песок и камчиња, а долга е само 40 метри.

На левиот крај од плажата се наоѓа сè уште недовршениот хотел Ас, кој малку го нарушува нејзиниот амбиент, но во исто време станал и нејзин заштитен знак.

— реклама —

Доколку не сте тргнале со кола до плажата, до неа можете да дојдете и пеш од Петровец и да искусите некои од најубавите краеви на Црна Гора - прошетка од два километри кои нема да ги почувствувате, но нема ни да ги заборавите.

Мирисот на шумите и морето, тунелите на чии краеви ве чека некој нов рај, се само дел од 2-километарската прошетка во која ќе уживате повеќе од било кога.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања