Солза Грчева: Гледам бурни реакции за мојата посета кај Пендаровски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Коментари
Foto

По средбата на Претседателот Стево Пендаровски,  и претседателката на политичката партија Глас за Македонија, Солза Грчева, низа реакции. Ова беше причина Грчева да се огласи на социјлната мрежа фејсбук. Таа напиша:

— реклама —

Гледам бурни реакции за мојата посета кај Пендаровски. Е сега вака:

Сакате враќање на името и на атрибутите на македонскиот народ?

— реклама —

Очекувате тоа да го направат овие кои продадоа се, изведувачот со подизведувачот?

Знаете дека во секој изборен циклус, иако гласаат, над 100.000 граѓани немаат свој претсавник во Собранието? Ова е неправда.

Ако ви се јасни овие работи, треба сите заедно да бараме промена во изборниот модел (една изборна со отворени листи), скромно финансирање на сите партии (а не со баснословни суми со кои купуваат гласови) и еднакво медиумско претставување.

Ако сте за ова погоре, речете му благодарам на Глас за Македонија кој ја отпочнува оваа тешка и неизвесна битка против оние кои сложно си го прават Изборниот законик за да владеат бесконечно.

За ова одлучува ДИК, претседателот и сите парламентарни партии. Кај сите сме испратиле писма и ќе одиме и ќе го бараме ова. Не да молиме, туку да испорачаме барања!

Тажно е што некои од неразбирање, а некои од партиска заслепеност не ја ценат или не ја разбираат оваа наша битка.

А нормално ви е да се среќаваат “лидерите“ со Хан, Рикер и да се мајмунираат по амбасади?

https://www.facebook.com/solza.grceva.7/posts/1110584052468715

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања