Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Солзи во судницата: Ексдиректорот на ЕЛЕМ и службеници осудени на вкупно 9 години затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
rocista

Ексгенералниот директор на АД ЕЛЕМ, Дејан Бошковски е осуден на 3 години затвор за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. По три години казна затвор беа осудени и службениците Методиј Стојменовски и Ненад Ѓорѓовски. Тие се товарат за нанесена штета на АД „ЕЛЕМ“ со над 9 милиони денари. Предметот „Тарифа“ го водеше СЈО, односно обвинителот Трајче Пеливанов.

— реклама —

Според СЈО, тие незаконски набавиле софтвер за потребите на компанијата во вредност од четири милиони евра. Обвинетите со неизвршување службена должност овозможиле правното лице „ЕРП систем“ да се квалификува во втората фаза на јавната набавка иако немало доставено комплетна документација.

Сите обвинети на почетокот на судењето се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Обвинителот Трајче Пеливанов во воведните говори за предметот рече дека обвинетите ја злоупотребиле службената положба за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на АД „ЕЛЕМ“ со што ѝ причиниле имотна штета на компанијата од 456.560 евра. Судењето почна на 19 декември 2017 година и траеше точно две години, а на обвинетите, доколку бидат осудени, им се заканува казна затвор од најмалку пет години.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања