Промени тема
Контакт

Сомнителен молк на Мицкоски за Груевски на црната листа на САД, има ли поврзаност со фирмата, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-6

Само една недела по посетата на Христијан Мицкоски на Унгарија, САД објавија дека неговиот шеф, Никола Груевски, е ставен на „црната листа“, вели СДСМ

„Нашите граѓани многу добро ги знаат причините поради оваа постапка, тоа е вмешаноста на Никола Груевски во криминал и корупција од невидени размери.

Новина е можеби фирмата на Никола Груевски која треба да се утврди дали е поврзана со сомнителни финансирања по неговото бегство.

Сето ова се случува во време кога Мицкоски оди во посета на Унгарија, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се уште ги блокираат законите за Академијата за судии и обвинители. Се противеа на Законот за јавно обвинителство, го блокираа изборот на нов Јавен обвинител.

— реклама —

Оттука е и сомнителниот молк на Мицкоски.

Тој ниеднаш не се извини за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и неговите соработници, ниту пак побара одговорност од сите за кои има пресуди а се дел од неговата партија.

— реклама —

Целата јавност знае дека Христијан Мицкоски бил советник на Груевски, а потоа и секретар на ВМРО-ДПМНЕ во време кога се правени сите овие криминали.

Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори која е поврзаноста со унгарската компанија на Груевски која се најде на црната листа на САД?

— реклама —

Што знаел за матните зделки на Никола Груевски и зошто молчи со години?

Дали стравува дека и тој може да се најде на црната листа“,, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања