Денес не очекува сончево време со мала до умерена облачност и со умерн до засилен ветер претежно од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе се засилува. Утринските температури ќе бидат под нулата, а во некои места ќе достигнат и до - 10 степени. Во текот на денот ќе дојде до мал пораст на температурите кои во југоисточните делови ќе достигнат до 1 степен.
Во Скопје сончево со мала умерена облачност. Температурата ќе се движи од -6 до 0 степени.
Под влијание на многу студена воздушна маса до средината на наредната седмица ќе се задржи променливо и студено време со температури кои на повеќе места преку целиот ден ќе се задржат под нула. Повремен слаб снег ќе има во недела, кога дневната температура ќе биде во благ пораст. Во понеделник и вторник ќе преовладува стабилно време, а нови врнежи од снег се очекуваат од среда.