„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Сончево и топло време, до следниот петок температури над 45 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Метеорологот Славчо Попоски најавува дека идната недела е можно да имаме температури над 45 степени.

— реклама —

Топлотниот бран во нашата држава ќе се задржи до самиот крај на оваа седмица, а ќе продолжи и во текот на следната, со тоа што би можел да биде со уште поголем интензитет.

„Имено, нашата територија ова лето се наоѓа под постојано влијание на многу топла воздушна маса која продира од југ (северните предели на Африка). Истата условува постојано температури од над просекот за овој дел од годината. Температурите до крајот на оваа седмица ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, а УВ индексот ќе има многу висока вредност (9). Времето постојано ќе биде сончево со мала локална облачност, ќе дува слаб до умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од северозападен правец. Ветерот особено ќе биде изразен во понеделник и ќе биде врел. Според моменталните анализи со кој располагаме, во текот на следната седмица температурите долж Повардарието и во југоисточните предели би се искачиле дури над 45 степени, и би имале температури какви што сме немале. Состојбата и понатаму континуирано ќе се следи и граѓаните навремено ќе бидат информирани. И во Скопскиот регион температурите денес, како и во текот на следните денови ќе се искачат над 40 степени“, вели Попоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања