Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови. По котлините ќе има услови за појава на магла, а преку денот ќе дува слаб југоисточен ветер.
Минималните тепмепратури ќе се движат од од -5 до 1 степен, а максималните дневни од 6 до 12 степени.
Во Скопје слично време со температури од -4 до 6 степени.
Во наредните денови ќе биде претежно стабилно со умерена до значителна облачност и со услови за појава на магла по котлините. Во западните делови повремено ќе има појава на слаб локален дожд, особено во вторник кога и облачноста ќе е зголемена. Дневната температура до средината на следната недела ќе биде во постепен пораст.