СОНК: Нема притисоци врз штрајкувачите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
skolo-4

Со ова соопштение сакаме да ве информираме за текот на вториот ден од Генералниот штрајк на вработените во детските градинки, основните и средните училишта, за остварување на социјалните барања, а во организација на СОНК, вели Јаким Неделков претседател на СОНК.

— реклама —

"Во текот на денешниот ден, сите синдикални организации на СОНК се во Генерален штрајк, дополнително со зголемен број на колешки и колеги кои се приклучиле кон штрајкот. Посериозни проблеми или притисоци врз штрајкувачите не се регистрирани до овој момент, а доколку има такви дејствија и пристигнат Изјави до нас, јавноста ќе биде благовремено информирана.

— реклама —

Во текот на денешниот ден очекуваме покана за работна средба од страна на надлежните институции, а за времето на одржување на средбата и резултатите од неа, ќе бидете дополнително информирани.

— реклама —

СОНК се надева дека ресорните министерства или Владата ќе излезат со конкретен и прифатлив предлог за зголемување на платите во гореспоменатите дејности односно со предлог кој ќе биде прифатлив од мнозинството на членови на СОНК. Со тоа би се донело, во најкраток можен рок, одлука за прекин на штрајкот и продолжување на нормалниот тек на воспитно - образовниот процес" додава тој

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања