Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

СОНК се заканува со штрајк - ќе почне ли новата учебна година на 2 ри септември?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
skolo-4

Една недела пред почетокот на новата учебна година, Синдикатот за образование се заканува со штрајк. Наставниците се незадоволни од минималното зголемување на платите од 5 насто. Претседателот на Синдикатот, Јаким Неделков, и дава рок на владата од уште една недела и бара Синдикатот да биде активен учесник во креирањето на буџетот за образованието за 2020 година.  Тие бараат платите да се зголемат за 25%.

Денеска ќе се сретнат со министерот за образование и наука Арбр Адеми. Од друга страна министерот Адеми истакнува дека вработените во образование ќе добијат покачување, но не сега, бидејќи како што вели, работат на статусот на сите вработени во образовниот сектор.

— реклама —

Синдикатот за образование, наука и култура, последен пат организираше штрајк во 2008 година. Тие постојано бараа подобрување на условите за наставниците. Со плата која е под просекот наставниците едвај го минуваат месецот и се на работ на егзистенцијата, велат од независниот синдикат за образование и наука. Велат дека токму ова е причината што учениците не се запишуваат на наставна насока, и затоа, како што велат, во училиштата има сериозен недостиг од кадар.

— реклама —

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања