На 16.04.2022 во 17.10 часот на регионалниот пат с.Пирок-Тетово во с.Калник,тетовско се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „хонда“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 17 годишник од Скопје и мопед „томос“ без регистарски ознаки, управуван од Џ.Б.(69) од с.Г.Палчиште, тетовско. Двајцата моторциклисти се пренесени во Клиничка болница-Тетово, каде од доктор кај двајцата се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
Сообраќајка меѓу два моторцикли во Тетово, возачите тешко повредени
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 4 години -
Македонија