На 02.03.2018 во 17.10 часот на патот Пробиштип- с.Ратавици се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Г.И. (32) од Кратово, и патничко моторно возило „Шевролет спарк“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М. А. (46) од Пробиштип.
Со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот во возилото „ Пасат“, В. Ј., кој бил пренесен во ЈЗУ-Кратово, возачот на возилото „Шевролет спарк“ М.А., која била пренесена во Клиничка болница Штип и сопатникот во возилото “Шевролет спарк“ Б.А. , кој бил пренесен во Клинички центар Скопје.
По овластување на Јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од ПС-Пробиштип.