Сообраќајка на патот Струмица - ГП Ново Село, едно лице загина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
soobrakajka-696x463-312863

Едно лице загина во сообраќајка што се случи вчеравечер околу 21:30 часот на излезот од село Дабиле, пред крстосницата за селото Робово, на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село.

— реклама —

Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во сообраќајката учествувале автомобили „фиат браво“ и „мерцедес“ и дека полицијата го обезбедува местото на несреќата и се чека да заврши увидот на јавен обвинител. Повеќе информации од полицијата ќе соопштат дополнително.

— реклама —

Според информации од струмичката болница, околу 22 часот таму бил донесен починат маж на 47 годишна возраст-возач на „мерцедесот“, додека другиот возач поминал без повреди.

— реклама —

Сообраќајот на овој патен правец се пренасочува преку селото Сачево.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања