Денеска (28.03.2022) во 10.10 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ со ул.„Сарај“, во близина на мостот Сарај, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(52) од с.Љубин, скопско и патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од Љ.С.(51) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „шкода“, С.С.(46) од Охрид, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР
t8T92XW-l1g