Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Сообраќајка во Скопје, три лица итно пренесени во болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

На 27.01.2019 година во 21,10 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на  улицата “Лазар Личеновски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Опел aстра“, со скопски регистерски таблици, управувано од Е.З.(26) од Скопје, и патничко моторно возило “Фиат стило“ со скопски регистерски таблици, управувано од М.С.(37) од Скопје.

По незгодата со возило на Итна медицинска помош М.С. бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар констатирани му биле телесни повреди. Возачот Е.З. и сопатничката од истото возило Б.З.(21) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде од страна на лекар кај Е.З. биле констатирани телесни повреди, а кај Б.З. биле констатирани тешки телесни повреди.

— реклама —

На местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања