Сообраќајна несреќа кај Песочан, потешко повредени повеќе лица - пренесени во „Св.Еразмо“ во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

На 23.08.2020 во 07.45 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај с.Песочан, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(57) од с.Порој, тетовско, патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. М.(22) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Скопје.

— реклама —

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „бмв“, Х.Х.(53) од Тетово, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со тешки телесни повреди се здобиле и возачот на возилото „бмв“ и сопатничката во истото возило, Х.Б.(24) од Тетово, кои биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања